ИРИ: 49% од Македонците сметаат дека кризата во Куманово е владина нарачка

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Македонците остануваат силно загрижени околу целокупната насока во која се движи нивната земја, особено во однос на економијата и политичката стабилност, покажуваат резултатите на новата анкета објавена од страна на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ).

2015-07-13_iri_poll-_macedonians_concerned_about_the_economy_political_stability-770x470

Според анкетата се покажа дека Македонците во истовреме даваат силна поддршка на демократијата и интеграцијата на Македонија во евро-атлантските структури.

 

Capture

Бројот на испитаници кои велат дека Македонија се движи во погрешна насока се зголеми на 48 проценти, што е за девет проценти поголем од декември 2014 година, покажува анкетата на ИРИ, а најголемо негативно ниво од декември 2010 година се бележи поради состојбите во економијата и зголемената политичка криза како главна основа на овој песимизам, се вели во извештајот на ИРИ по спроведената анкета.

Педесет и три проценти од испитаниците велат дека невработеноста е најголемиот проблем со кои се соочува земјата, додека 64 отсто велат дека животот е подобар пред распадот на Југославија. Шеесет и еден отсто од Македонците ја опишале актуелната политичка ситуација како “напната и неизвесна”,  и бележи зголемување од 43 отсто од декември, а 58 отсто од испитаниците одговориле дека Македонија е помалку стабилна отколку што беше пред една година, и бележи скок од 27 отсто од анкетата спроведена минатата година.

Повеќе од половина, односно 52 отсто, стравуваат дека не е безбедно да зборуваат преку телефон и дека нивните разговори се прислушуваат од трета страна.
. Анкетата поставува прашања и за кумановскиот инцидент и овие случувања, а поголемиот број од граѓаните сметаат дека зад инцидентите стои Владата.
49 проценти одговориле дека во Куманово вооружената група била ангажирана и платена од политички или владини лица за да предизвика дестабилизација на државата, а според 22 отсто групата постапувала самостојно со барања до македонската Влада.

5

На прашањето кој им платил на вооружените терористи за да ја дестабилизираат Македонија, најголем број или 34 отсто одговориле Владата, 30 отсто одговориле дека не знаат, а 8 отсто одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

6

Поголем број, односно 36 отсто сметаат дека полициската акција имала за цел да ја дефокусира јавноста од „бомбите“ на опозицијата кои беа објавувани тој период, а 34 отсто сметаат дека било неопходно да се преземе акцијата за да се превенира напад.

Слободата на изразување и понатаму претставува проблем за повеќето Македонци. Повеќе од половина од испитаниците (55 отсто) сметаат дека слободата на говор и изразување не постојат во земјата.

Во истовреме,  67 отсто од Македонците сметаат дека актуелната политичка криза ги кочи напорите на Македонија за влез во Европската унија, додека поддршката за влез во ЕУ и НАТО остануваат на високо ниво, односно 83 насто од испитаниците даваат поддршка за евроинтегративните процеси.

Ова е прва анкета на ИРИ спроведена во Македонија од полициската акција спроведена од страна на Владата против вооружена група на етнички Албанци во Куманово на почетокот на мај, и доаѓа во време на актуелна политичка криза која започна со  обелоденувањето на прислушувани разговори на владините претставници, вклучително и на премиерот Никола Груевски од страна на опозициската СДСМ, наведува ИРИ во извештајот за спроведеното истражување.

Анкетата е спроведена од страна на Брима Ltd, компанија за истражување со седиште во Скопје, во соработка со Вилијамс и соработници и на ИРИ.

Истражувањето беше спроведено преку лице-в-лице интервјуа од 06 – 15 јуни, 2015 година, со случаен примерок од 1.105 македонски државјани, на возраст од 18 години и постари.

Целиот извештај на ИРИ може да се најде на следниот линк