(ГАЛЕРИЈА) Тажното лице на денешниот свет

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Иако во текот на 21 век науката и технологијата го достигна своето највисоко ниво, тоа не може да се каже и за односите меѓу луѓето . Всушност во денешниот свет човек во сѐ повеќе го губи човечкото во себе.e2e26d0ec1466ae29bd43f34a2eb0e83

На пиедестал се издигнати материјалните придобивки, а духовните  изгледаат како застоена вредност, која ако можеше, ќе требаше да биде изложена во историските музеи.

Проблемите на денешното општество се многу. Од уништувањето на природата и Земјата како целина, во свесното предизвикување воени конфликти, до осудување на милиони луѓе ширум светот на глад и смрт . Реалната комуникација меѓу луѓето, исто е во  исчезнување, поместена од најновите и модерни ремек дела на технолошкиот бизнис.

И бидејќи зборовите често не стигнуваат за да се опише нешто целосно, понекогаш е подобро едноставно да се изрази. Со слика . Слика која кажува многу повеќе отколку што може да замислите.

Влезете во нашата галерија и погледнете ги фотографиите кои ја илустрираат бруталната реалност во која живееме.