14 000 фунти парична казна за иницијали на римскиот Колосеум

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Полицијата во Рим фати либанска туристка како гравира иницијали врз ѕидот на историскиот споменик во римската престолнина, соопштува “The local”.Roman-colosseum_2198045b

22-годишната жена била уапсена и потоа казнета со 14 000 фунти, бидејќи врежала иницијали со монета на Колосеумот.

Ова е последниот, но ни од далеку не единствениот инцидент со непослушни летувалци кои често вршат вандалски акти врз туристичката атракција. Во март две Калифорнијки меѓу 21 и 25 години беа уапсени, откако ги врежале првите букви од имињата на ѕид од западната страна на Колосеумот, кој се посетува од повеќе од пет милиони туристи годишно.

Во ноември минатата година 42-годишен Русин беше казнет со 20 000 долари и 4 месеци условно затвор повторно за испишување на буквата “К” на ѕидот на античкиот амфитеатар.

Претходно минатата година 15-годишно Канаѓанче беше фатено како се обидува да украде камен од околу 2.000 години.