Полицијата во Париз уапси околу 300 лица, кои одржаа демонстрации по повикот на екстремистичка организација “Движење 14 јули.” Оваа група, како посочуваат од силите за безбедност, повикувала на државен удар во Франција, пишува БГНЕС.

Поддржувачите на движењето се обиделе да одржат митинг на плоштадот “Конкорд”, каде што заврши воената парада по повод националниот празник на Франција, а потоа и во зградата на Народното собрание. Тие ги повикаа претставниците на вооружените сили да се приклучат кон нив, за да ја заземат власта.
Според француските медиуми, организацијата е предводена од Ерик Фиоре. Во минатото тој работел во финансискиот сектор, а сега се презентира за специјалист по алтернативна медицина. Идеите за државен удар како начин за заздравување на внатрешната и надворешната политика на земјата, се широко дискутирано во француските сајтови.