Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во денешното обраќање до граѓаните го поздрави постигнатиот договор меѓу лидерите на политичките партии и повторното воспоставување на политичкиот дијалог во рамки на институциите на Република Македонија.
Доаѓа време на отрезнување и освестување, порача шефот на државата, додавајќи оти следува период кога сите институции треба да го покажат својот капацитет и подготвеност да се справуваат со сето она што го попречува нашиот евроатлански пат.
– Партиите, да си ја сфатат улогата што ја имаат во општеството и да ги анализираат последиците од сите нивни активности и неактивности. Сите треба да извлечеме поука од оваа криза, вели Иванов.
