Кралицата запира со одгледување на нејзините омилени кучиња

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Британската кралица Елизабета Втора е позната по својата љубов кон кусоногата кучешка раса корги. Откако имала над 30 животинчиња, таа сега гледа само две од нив, но одлучила да престане со нивното одгледување.article-0-0516E8AD000005DC-433_468x458

Тоа го изјави нејзиниот советник и чест посетител на Бакингемската палата Монти Робертс пред списанието “Венити Фер”. Според него причина за крајот на нејзината страст е напреднатата нејзина возраст – 89 години.article-0-0074FD1B00000258-181_468x539

“Таа не сакаше да остави ниту едно корги (откако ќе почине)”, вели Робертс пред изданието.

Елизабет ги одгледува кученцата од мала и го крштева првото Дуки, соопштува британскиот весник “Телеграф” додавајќи дека таа лично ги храни и шета секој ден.1986-michael-leona_1720536i

Последните две корги кои се радуваат на кралскиот комфорт, се викаат Холи и Вилоу.И двете се речиси 12 годишни.