ЦО на СДСМ: Нема да дозволиме ни одолговлекување ни злоупотреби на договорот

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Централниот одбор на СДСМ синоќа едногласно го поздрави постигнатиот договор за надминување на политичката криза во Република Македонија.

сдсм седисте

„Создавањето преодна влада без Никола Груевски, којашто ќе ги организира следните парламентарни избори е клучен чекор за обезбедување фер и демократски избори. Именувањето специјален јавен обвинител ќе обезбеди независна и целосна истрага на сите откриени злоупотреби на власта“, констатираше ЦО на синоќешната седница.

Централниот одбор соопшти дека инсистира на целосна имплементација на договорот и порачува дека нема да дозволи никакво одолговлекување и злоупотреби.

„Вистината за Македонија ги обедини граѓаните во борбата за демократска и европска Македонија. СДСМ ќе ги продолжи политиките на создавање единство, доверба и постојана соработка со сите граѓани, заклучи Централниот одбор на СДСМ. Во дискусиите на состанокот на Централниот одбор беа силно поздравени напорите на претседателот Заев и на раководството на СДСМ во битката за остварување на зацртаните цели и беа разгледани натамошните правци на дејствување на СДСМ во насока на враќање на слободата и демократијата во Република Македонија“, се наведува во соопштението.