Паркинг место во Лондон се продава за неверојатни 390 000 фунти.
Парк-местото се наоѓа во подземен паркинг во Јужен Кенсингтон и е со деноноќна заштита. За 15 илјади фунти помалку на лондонската “Хил стрит” пак се нуди подземна гаража за две возила.
Што може да се купи за тие пари? Многу нешта како ламборџини што ќе го паркирате на предметниот паркинг. Или пак 5 парчиња BMW X5, ако пак не сакате тркачки автомобили, но сте расположени значително повеќе за практичните.
Ако пак сметате дека инвестицијата во лимот на тркала за глупост, за 390 илјади фунти можете да станете сопственик на куќа со 3 спални во Корнвол, на викторијанска куќа со 5 спални во Њукасл или на шик вила во Чешер.