(ВИДЕО) „Новинарски пленум“ протестираше поради нападот на Саше Политико- потстетуваат на нарачката на Груевски за “шамарање”

од desk3
191 прегледи

„Новинарски пленум“ со протест пред Владата изрази поддршка на нападнатиот новинар Саше Ивановски.

 

Претставниците на пленумот изразија револт и згрозеност од постапката на вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Тие сметаат дека Ивановски има право на активизам и на свој израз на дејствување и не заслужува физички нападnovinarski-plenum-za-politiko

– Поскандалозно од нападот е соопштението на ВМРО-ДПМНЕ со кое се охрабруваат насилниците бидејќи во него се укажува дека „Саше го заслужил нападот“. Соопштението ги охрабрува другите физички да го нападнат тој што не е нивни истомисленик или поставува незгодно прашање – изјави Ида Протугер од „Новинарски пленум“.

Од „Новинарски пленум“ побараа оставка од Пешевски и тоа, според нив, е нешто што најмалку може да го направи – во спротивно, ќе се сфати дека премиерот, кој е и прв човек на партијата ВМРО-ДПМНЕ, ги охрабрува насилниците и пресметките со неистомислениците.

Досега, според пленумот, од партијата употребуваа софистицирана агресија преку нивни медиуми, тужби на новинари, но со овој случај постапките ескалираа.

Од „Новинарски пленум“ потсетија дека премиерот Груевски и во една од „бомбите“ охрабрува таков вид однесување кога нарачува „два-три шамари“, притоа наведувајќи дека тоа не е кривично туку прекршочно дело.

Саше Ивановски најави дека денеска ќе побара средба со американскиот амбасадор Џес Бејли и со евроамбасадорот Аиво Орав бидејќи се чувствува загрозен. Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ тој го сфаќа како директна закана врз неговата безбедност.

– Се чувствувам загрозен и небезбеден особено по соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ во кое се вели дека си ја барам белјата и ќе си ја добијам. Се чувствувам небезбеден, бидејќи власта користи подземни методи на дејствување, па може да се случи некој нивен активист да ме убие – изјави Ивановски.

Тој го демантираше Пешевски дека пред три години го испровоцирал на паркиралиште во Битола, тврдејќи дека средбата поминала срдечно.

 

МЕТА

Видео:А1он