Ништо не тежи повеќе од куферите со багаж кога се подготвуваме за долгоочекуваниот летен одмор.
Освен што е непријатно да се движиме со овие огромни торби низ кој и да е град, ни и од далеку не е пријатен фактот дека за време на летот сте морале да доплатите за него.
Токму од оваа причина ќе дојде време да застанеме сами со себе и чесно да си признаеме – колку од сите овие нешта ни требаат?
Потребна е промена во листата со облека, додатоци и козметика – да се ограничиме само на оние компоненти кои всушност ќе влезат во употреба.
Ви претставуваме листа со работите од багажот, кои сосема мирно можете да ги оставите дома.
1. Пешкири
Живееме во 21 век и ако има нешто што сме постигнале, тоа е етикетата во секој хотел, куќа за гости и дури мотел да има комплетен пакет на крпи. Дури и да има нешт на кое не сте подготвени, за многу, многу ситна сума, можете да добиете еден.
2. Шишиња и шишенца со лекови
Наместо да го земате сите видови сирупи за грло, витамини и какви и да е други медицински помагала, едноставно селектирајте одредена количина. Складирајте ги во одделни, мали шишенца и ќе се изненадите како повторно имате лекови, но овој пат во адекватни дози.
3. Чаршафи
Тука случајот е сличен на оној со крпите. Ако сепак доживувате ужас при помислата дека ќе легнете на туѓи чаршафи, тогаш ќе треба да се резервира одмор во малку поскап хотел. Во големите синџири е задолжителна хигиената и се следи многу строго. Ако преферирате да не инвестирате во еден убав хотел, замислете си колку напор ќе заштедите заедно со заштедените пари за багаж.
4. Тони козметика
Наместо да го земате целиот свој сет на козметички производи, собирани во текот на годините, подобро изберете ги само оние работи кои всушност ги користите. Сигурни сме дека ќе се справите и без три бои пудра, коректор, матирана основа, марамчиња за впивање на себум и така натаму.
5. Половина облека
Ако бидеме искрени со себе, нема како да утврдиме дека сета оваа облека ќе ни треба. Многу потребните компоненти од гардеробата се костим за капење, кратки панталони, облека, два фустани, маички и топ. За обувките – едни високи и едни сандали.