Политичари за кои постои сомневање дека се сторители на кривични дела во никој случај не можат да обавуваат какви и да е јавни функции, а особено не да се членови на влада. Тие треба да бидат изведени на суд.
![]()
Со ваква порака во интервјуто за Фактор излегува Ѓорѓе Марјановиќ, кој иако од поодамна е во пензија се уште се памети како еден од најистакнатите универзитетски професори.. Познатиот кривичар потенцира: Македонските политичари мора да го реализираат „Договорот Пржино“. Потписите мора или треба да бидат гарант за почитување на преземените обврски зашто тие не се “лепени, крпени и местени.“
На прашањето кој и на каков начин гарантира за обврските превземени со договорот потпишан од четворицата партиски лидери во Пржино, Марјановиќ вели дека тоа се потписниците.
– Нормално би било тој што ја презема обврската, да го гарантира и нејзиното извршување. Од друга страна, самото потпишување на овој договор не би требало да претставува само гола форма, за него мора да одговараат тие што го ставија својот потпис. Утре никој не ќе смее да каже дека тие потписи се лепени, крпени и местени. Потписите мора или треба да бидат гарант за почитување на преземените обврски – вели пензионираниот професор од Правниот факултет во Скопје.
Тој вели дека овој договор е промоција на повеќепартиската владина коалиција, на чие чело би требало да застане некој од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Овој договор ја промовира повеќепартиската владина коалиција. На чело на повеќе партиската влада може да застане било кој од првобитните членовите на ВМРО. Кекеновски, на пример… – вели Марјановиќ.
За специјалниот јавен обвинител, кој ќе треба да ги истражи „бомбите“ Ѓорѓе Марјановиќ вели дека ќе има тешка работа, посебно поради тоа што дополнително ќе мора да „се бори“ и со редовниот јавен обвиител.
– Специјалниот јавен обвинител е новина во нашиот правен систем. Би сакал да бидам оптимист дека тој ќе има автономна позиција и дека во негова надлежност ќе бидат само делата од аферата со прислушувањето. А тој ќе треба да му се спротивставува на редовниот јавен обвинител, се разбира таму каде што има место за контрирање – вели професорот.
Целото интервју може да го прочитате тука.