Холандија го забранува засега фракингот – слично на ред други земји, кои го отфрлаат овој метод за добивање на гас од шкрилци. Во Европа најголемиот бум на фракингот изгледа нема да се одржи.
Уште една земја одлучи против фракингот. Холандското влада усвои петгодишен мораториум на комерцијална екстракција на гас од шкрилци. До крајот на оваа година Холандија ќе одлучи дали фракингпт воопшто ќе биде применет во земјата.
Методот на хидрауличното разбивање, познат како фракинг, не е нов – тој постои со децении. Нови се изворите кои почнуваат да се користат. Бидејќи преку фракингот се добива природен гас и од неконвенционални наоѓалишта како јаглени кежипта и шкрилци .
Во САД фракингот доживува бум, бидејќи се смета дека при зголемените енергетски цени дефинитивно вреди за нафта и гас да се користат неконвенционални наоѓалишта. Пред пет години и европските земји почнаа да го истражуваат потенцијалот на овој извор на енергија. Производството на природен гас преку фракинг се сметаше за еколошки и дека ја штити природата. Многу источноевропски земји се надеваа освен тоа дека шкрилците ќе ги направи независни од Русија. Но реалноста се разминава со очекувањата.
Аргументите против фракингот
Кај т.н. хидраулично разбивање, во земните длабочини под висок притисок се додаваат милиони литри вода мешана со кварцен песок и различни хемикалии. Со попречни сондажи се растргннуваа слоевите со шкрилци и се ослободува природен гас. Критичарите на методот стравуваат од контаминирање на почвата и подземните води како последица на употребата на хемикалии. Во 2010 година, многу врева предизвика документарен филм за последиците од фракинг во САД: тој покажуваше како со кибрит може да се запали вода од чешма со голема содржина на метан во неа.
Покрај тоа, постојат стравувања дека фракингот може да предизвика земјотреси. Во САД и Германија се изразуваат исто така претпоставки дека некои од земјотресите во последниве години најверојатно биле предизвикани од гасни дупчење. Стравувањата се дека ако фракингот се употребува нашироко во Европа, потресите можат да зачестат.
Фракингот да се забрани
Во многу европски држави еколозите и загрижени граѓани протестираат против фракингот откако фирми почнаа да покажуваат интерес кон наоѓалишта во Европа. Франција е една од земјите кои веројатно би можеле да извлечат најмногу од наоѓалиштата на шкрилци, бидејќи во земните нејзини длабочини се наоѓаат огромни наоѓалишта од шкрилци. Сепак во 2011 година таа наметне мораториум на фракингот. Нејзиниот пример го следеа и други држави.
Многу региони се против фракингот дури таму каде на национално ниво тој е решен. На пример во Велика Британија: додека во Англија широко се користи фракинг, Шкотска и Велс воведоа забрани на методот. А во шпанската област Каталонија, но исто така и на други места, се против него.
Во Германија досега постоеше мораториум на екстракција на гас од шкрилци. Се подготвува сепак нов закон кој нема да го забранува методот експлицитно, туку само ќе го ограничи – дупчењата ќе се прават со научна цел за утврдување на ризиците за луѓето и животната средина.
Напорот не вреди

Во источноевропските земји веќе се правени дупчење. Полска пример доста време беше еден од најжешките приврзаници на фракингот. Потоа се покажа дека пробните сондажи не го носат очекуваниот успех, странските инвеститори се повлекоа и се формира силен отпор против плановите за нови сондажи. Слично се развиваа работите и во Романија. Лошите резултати од пробните бушотини и протестите на еколозите го принудија американскиот енергетски гигант “Шеврон” да се повлече од Романија.
Други земји уште од самиот почеток беа свесни дека фракингот не вреди за трудот. Норвешка и Шведска одлучија дека експлоатацијата на наоѓалишта од шктилци е неекономична.
Екологистите можеби навистина ќе ја добијат на крајот битката против фракингот во Европа. Не поради причини поврзани со животната средина, туку затоа што фракингот едноставно е неекономичен.

