Eврото паѓа поради махинациите на САД, а не поради грчкиот банкрот

од desk3
103 прегледи

Еврото продолжува да поевтинува во однос на доларот и тоа се случува во позадината на “доволно успешните обиди за спречување излегувањето на Грција од еврозоната”. Причината за ова економска појава не лежи во заканата од банкрот на Грците, туку во активностите на девизните власти на САД, пишува Deutsche Welle.

20150719.suooxdkqwf
Авторите на публикацијата потсетуваат на фактот дека “премногу драстичното паѓање на еврото се случи во понеделник, 13 јули, иако токму истото утро на средбата на лидерите од еврозоната во Брисел беше постигнат договор за обезбедување на Грција на нова програма од финансиска помош.

Се добива дека девизниот пазар “или се однесува негативно кон обидите да се задржат Грците во еврозоната, или реагира совршено на други фактори”, прави заклучок DW.

Според изданието, еден од овие основни фактори што влијаат на курсот на еврото во однос на доларот, е политиката на системот на федералните резерви на САД (ФРС), кој по 7 години антикризна програма, кога основните камати останаа практично на нула, одлучи “да се стави крај на политиката на евтините пари” и да ги зголеми каматите.

Ако ФРС ја продолжи својата активност во таа насока, тогаш, според експертите на DW, еврото може да се израмни по вредност со долари уште во есента оваа година.

Изданието признава дека “успесите со спасувањето на Грција во денешната специфична ситуација наскоро ќе придонесе за слабеење на еврото, поради намалување на глобалните ризици поврзани со оваа криза, и ќе им овозможи на ФРС да ги подигне стапките со побрзо темпо.