(ГАЛЕРИЈА) Најголемата река во пештера во светот

од Vladimir Zorba
173 прегледи

“Tham Khoun Xe Cave” е името на најголемата река во светот, која поминува низ пештера.93a4b96423659c804b00fbae7838bddf

Таа се наоѓа во оддалечен крај на провинцијата Камоли, во централниот дел на Лаос.

Во убавата пештера има огромни предели од 120 метри височина и 200 метри ширина, неверојатни карпести формации и зелени води.

Реката “Tham Khoun Xe” извира од најголемата планина на границата помеѓу Лаос и Виетнам – Annam Trung Sun и се влева во реката Меконг. Таа тече на околу 7 километри низ пештерата.

Предметната пештера е добро позната на локалните луѓе кои со векови оделе на риболов во реката на излезот на самата пештера.

Првото европско истражување на реката датира од 1904 година и е на францускиот истражувач Пол Мејси и неговиот тим.

Во наредните деведесет години областа била затворена за странци, а пештерата конечно е отворена за експедиции со голема неволност од владата на Лаос во 2005 година.

Видете ги фотографиите на единствена река и пештерата во галеријата.