
Тоа го соопштијата денеска државните медиуми , пренесува Франс прес. Меѓу уапсените е друга млада двојка осомничена дека ги снимала кадрите во продавницата на компанијата “Јуник”, лоцирана во еден од луксузните градски населби.Краткото видео секавично е повлечно низ социјалната мрежа Бројни млади зеле да си прават селфија пред продавницата, а некои имитирале и сензуални пози. Двојката била уапсена во средата вечерта, посочуваат медиумите, повикувајќи се на државната Пекинг телевизија. Полициската истрага сго е мачат да одговори на две прашања: кој го шири видеото и дали не станува збор за скриена рекламна акција на јапонската компанија “Јуник” коментира телевизијата. Кинеската агенција за сајберпросторот упати оваа недела критики против снимката, кој “е во спротивност со фундаменталните вредности на социјализмот”, и им забележува на гигантски кинески мрежни компании “Синот” и “Тенсент”. Јапонската компанија за облека “Јуник” за возврат објави коминике во кое ги повика клиенти да ги користат за намената пробните кабини. Компанијата категорично негираше дека видеото да е направена со рекламна цел. Кинеските власти цензурираа премногу средства интернет, ги прочистуваат од политички чувствителни сајтови, за да нема како да се организираат протестни движења во земјата. Тие знаат да го блокираат Твитер, Јутјуб и Фејсбук, исто така и бројни њуз сајтови, додава АФП.