Универзална вистина е дека луѓето генерално ги мразат понеделниците . Првиот ден од работната недела секогаш ни носи познат стрес, кој пак го загорчува вкусот во устата.
Еве неколку совети како можете да почнете да се будите во малку позитивно расположение во понеделник и да не го примате трагично фактот дека викендот е завршен, и дека до наредниот има цели пет дена:
1. Станете малку порано
Ако ја започнете работната недела малку порано од вообичаеното, станувајќи еден час порано, ќе имате време да си го испиете кафето, да го изедете појадокот, Да ги погледнете / прочитате вестите, да се намести креветот, да се истуширате и да помислите за облека. Значи, кога ќе пристигнете во канцеларија, вие ќе се чувствувате поубаво, свежо и подготвено за работа.
2. Започнете го денот со омилени нешта.
Во понеделник наутро направете си појадок со омилената храна, облечете си омилена облека, слушајте омилени песни во автомобилот или на телефон и така почетокот на неделава нема да ви се стори толку мрачен и рутински. Само замислете кои се изворите на задоволство (дури и на кратко) и ориентирајте се кон нив.
3. Направете план и следете го.
Без разлика дали си правите работен план во недела навечер или во понеделник наутро, најважно е да се држите до него и да сте свесни што точно ви се случува во текот на неделата како вид обврски. Така ќе можете да се прилагодите психички за задачите од листата, а и ќе ги избегнете непријатните изненадувања кои би ви донеле уште повеќе стрес.
4. Купете нешто.
Во понеделникот по работа е најточен момент да одите да си купите нешто ново (на пример оние сандали кои ви се допаднаа пред една недела). Така во текот на целиот работен ден ќе бидете во пријатно очекување, ем ќе го почувствувате деотн малку поспецијален.
5. Најдете друштво за по пат.
Без разлика дали одите на работа со јавен превоз или со личен автомобил, патувањето би било попријатно, ако имате симпатичен придружник. Значи договорете се со колегите или со пријателите, да патувате во понеделник наутро заедно до канцеларијата. Така ќе има и на кого да раскажете како пријатно ви поминале неработните денови.
6. Спакувајте си ручек од дома.
Во недела ќе имате време да размислите за здрав ручек, кој ќе го однесете во понеделник и така нема да купувате скапи и калорични јадења на паузата за ручек. Наместо тоа, можете да го користите овој одмор за прошетка околу фирмата, или за подолга кафе пауза.
7. Организирајте си пријатна активност за после работа.
Освен на шопинг, по работниот ден во понеделникот, би било одлично да одите на спорт, на масажа, фризер, на кино и т.н. Само измислете си нешто за после работа, за да очекувате со нетрпение и да ви делува антистресно.