Могерини: Договорот со Иран може да помогне за решавање на регионалните кризи

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Договорот меѓу “шесторката” и Иран може да ја врати довербата меѓу соседите и да помогне за решавање на регионалните кризи, главно во Сирија и во Јемен.

могерини

Ова го изјави шефот на надворешната политика на ЕУ Федерико Могерини за новинарите пред почетокот на седницата на министрите за надворешни работи на Унијата, цитирана од РИА “Новости”.

Според неа иранските аранжмани пред се се однесуваат на неширење на оружје за масовно уништување, што ќе придонесе за безбедноста во регионот, безбедност за соседите и безбедност како целина за целиот свет.

Таа е убедена дека зделката демонстрира ефикасноста на мултилатерална дипломатија.

Договорот може да доведе до враќање на довербата меѓу Иран и неговите соседи, меѓу Иран и меѓународната заедница. Овој договор не се заснова на доверба, но може да доведе до доверба, рече Могерини и додаде дека ЕУ е подготвена да ја одигра својата улога во обновата на довербата во регионот.

Шефот на надворешната политика, смета дека позитивните последици можат да помогнат за решавање на кризите во регионот , главно во Сирија и Јемен.

Денес се очекува Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција , која треба да го  одобри  историски договор меѓу Иран и САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија, Германијам склучен на 14 јули оваа година.