Обновата на дипломатските односи меѓу САД и Куба после половина вековен прекин се добар почеток. Но тоа доаѓа премногу доцна-анализира Deutshe Welle.
Кога по некое време историчарите даваат проценки на претседателот Барак Обама, продолжувањето на дипломатските односи со Куба ќе треба да биде почитувано како еден од најголемите успеси на неговото управување. Но со тоа мораше да се заземаат уште претходниците на Обама. Бидејќи ниту една комунистичка држава не останува иста, откако нејзините граѓани ќе ги запознаат предностите на слободната пазарна економија. Тогаш диктатурите им се принудени да почнат да прават компромиси.
Долго време, сепак Вашингтон остана на праволиниска позиција откако Студената војна во Европа беше завршена. Така, без да сакаат, претходниците на Обама само ги зацврстија позициите на комунистичките владетели во Хавана, кои можеа да ги обвинуваат “лошите Американци” за сите своите катастрофи и неуспеси: од дефицитот на стока за широка потрошувачка до лошата инфраструктура на островот. Со обновувањето на дипломатските односи меѓу двете земји работите радикално се менуваат. Се очекува Куба да биде “преплавена” од американски долари – барем на среден рок – и со нивна помош да си одат политичките наследници на браќата Кастро.
Зошто на Вашингтон му беше потребно толку време за да стане повеќе прагматичен и флексибилен во односите со карипската држава? До 1991 година противењето меѓу Куба и САД беше дел од Студената војна. Хавана стана бастион на Советскиот Сојуз, иако првично тоа да не било замислено на овој начин од Фидел Кастро. Кога црвено знаме со срп и чекан беше соборено од Кремљ, почнаа тешките економски проблеми за Куба. Претседателите Буш таткото и синот, како и Бил Клинтон се надеваа дека по некое време и црвените владетели во Хавана ќе станат излишни или можеби ќе преживеат, но ќе слезат од политичката сцена. Браќата Кастро сепак се покажаа тврд орев и се задржаа во власта. Како вистински диносауруси, кои едноставно не сакаат да слушнат дека времето им истекло.
Во исто време се задржа силното влијание на кубанските дисиденти во САД. Еден од водачите – сенаторот на Флорида Марко Рубио и во меѓувреме кандидат за претседателските избори на Републиканската партија – е категорично против воспоставувањето дипломатски односи со Хавана. Рубио, чии родители своевремено избегале од Куба, ја смета одлуката на претседателот Обама за обновување на дипломатските односи со Куба за предавство кон жртвите на режимот на Кастро.
Така сметаат и стотици илјади Кубанци кои живеат во САД. И најмногу оние од нив кои се на возраст од 40 и повеќе години. Помладите пак се за прекин на блокадата , вклучително за да можат да се вратат во својата татковина. Таа се наоѓа само на 90 милји од американскиот брег, но досега тоа растојание беше или тешко или директно невозможно да се надмине.
Сето ова се менува со воспоставувањето на дипломатски односи, кои треба да ги поедностават и направат евтини патувањата меѓу двете земји. Се подготвува и отворање на директни летови до Куба од Њујорк и други поголеми американски градови. Во есента ќе биде пуштена и бродска врска. Засега има ден брод од Флорида до Куба кој патува три и пол часа по цена од 170 долари за човек,а побарувачката е огромна- тврдат од бродските компании. Расположението е како пред златна треска.
Односно, сè оди добро? – Не сосема. Бидејќи во отворената дипломатска врата ќе навлезе и светлина, која ќе ги натера луѓето да прогледаат. Може да дојде до турбуленции и длабоки промени. А тие нема да се воопшто лесни. Барем тоа го покажува искуството со поранешните комунистички држави во Источна Европа. Тогаш Кубанците ќе искусат акутна потреба од силен партнер кој ќе им помогне да ја остварат политичката и економската транзиција кон слободно општество. Американците можат и треба да бидат овој партнер. Но само ако се учи од грешките на минатото. Една од нив е стремежот да се мешаат во управувањето. Партнерството значи да гледаш на другиот како на еднаков. Во таа смисла обновувањето на дипломатските односи е добар почеток. И ништо повеќе.
