Ретко кога односите меѓу американскиот и израелскиот претседател се влошиле толку многу, како во последниве месеци. Штом на 17 март шефот на државата на Израел Бенјамин Нетанјаху победи на изборите во земјата, претседателот на САД Барак Обама изјави дека ќе има “превреднување” на односите со еврејската држава. Г-дин Нетанјаху, вели Обама, ја уништи довербата и шансите за мир со Палестинците, и ја подриваше израелската демократија.
Тоа се силни зборови од “најдобариот” пријател на Израел. Односите меѓу двете земји не се влошуваат од 1991 година, кога Џорџ Буш постариот ги успори гаранциите за долгот на Израел; или може од 1956 година наваму, кога американскиот претседател Двајт Ајзенхауер ги принуди Израел (и Велика Британија и Франција) да се повлечат по интервенцијата во Египет.
Обама е во право што го критикува Нетанјаху поради Палестина. Тој, сепак не треба воопшто да го игнорира кажаното од израелскиот претседател. Ова е важен момент за Блискиот Исток. Со согласност за договорот за нуклеарната програма на Техеран САД го прифаќа најголемиот непријател на Израел – Иран. Колку и циничен да е Нетанјаху за палестинското прашање, тој заслужува да биде чуен, предупредувајќи за ризикот дека ваквата зделка го претвора Иран во полноправна и доминантна регионална сила.
Без дружељубивост кон Палестина
Нетанјаху го истакна ова за време на предизборната кампања. Тој најави дека палестинската држава никогаш нема да биде создадена, додека тој е на власт, отфрлајќи ја сопствената согласност за мир меѓу двете земји од 2009 година. За време на изборниот ден тој ги повика своите приврзаници да побрзаат со гласање, бидејќи арапските граѓани во Израел излегуваат да гласаат “масовно”. Флертот на Нетанјаху со омразата кон Арапите се покажа проблематичен за Обама и за либералното размислување на приврзаниците на Израел.
Нетанјаху рече дека не се откажал од палестинска држава, иако условите треба да се менуваат. Истовремено, тој изјави дека неговите коментари во однос на арапските гласачи биле погрешно разбрани и официјално се извини. Тоа е добредојден, иако израелскиот претседател има уште да се направи пред да му биде поверувано.
Но, наместо да се дојде до затишје, односите меѓу Вашингтон и Ерусалим се влошија. Протекоа информации од анонимни американски владини претставници дека Израел подмолно ги шпионирале САД за време на преговорите со Иран и го информираа Конгресот на САД, кој сега треба да гласа за постигнатиот договор. За Обама, силните зборови против Нетанјаху имаат сценски контролирано квалитет. Но зошто оваа драма, Обама?
Сомневањето е дека Обама сака да ги замолчи критиките на Нетанјаху за договорот со Иран или да го осуди како расист, за да престане да ги двоуми демократите од зборовите на Нетанјаху дека договорот со Иран е “многу лоша зделка” .
Нетанјаху не е во право да ја отфрла секоја прифатлива зделка со Техеран. Конфронтирачката тактика може и да доведе до големи последици на неговата држава. Сепак тој е во право барем за едно – она што Обама намерно го игнорира, имено дека двојната позиција на Иран во Блискиот Исток е растечка закана.
Нетанјаху е во право да наведува дека никој не може да смета дека со еден Иран проблемите на Блискиот Исток ќе се решат полесно . Ослободен од санкции, Техеран може да ги зајакне позициите. Но за да им помогне со постигнатата спогодба, Обама треба да објасни како може да работи со непријателот, а не со, се надеваме во иднина, пријател. За време на Студената војна Западот се конфронтираше и здржуваше со Советскиот Сојуз дури кога се склучува прагматични зделки за контрола на оружјето. Обама треба да покаже дека во случајот со Иран, Западот ќе се однесува со недоверба и ќе проверува.
