Германските политичари користат телефони за еднократна употреба во странство

од desk3
95 прегледи

Германските владини претставници почнаа да користат мобилни телефони за еднократна употреба при патувањата во странство, поради стравувањата од прислушување, пренесе списанието “Der Spiegel”.

zx450y250_2576387

Телефоните за еднократна употреба биле користени не само во земји како Русија и Кина, кои продолжуваат да бидат во конфликт со Западот за голем број прашања, вклучувајќи и за конфликтот Украина – но исто така и за време на посети на блиски сојузници како Велика Британија и САД.

Според списанието, политичарите биле советувани од Федералната служба на Германија за информациска сигурност да користат еднократни телефони и да се користат само основни податоци од Интернет.

Во меѓувреме “Викиликс” објави нови документи, кои откриваат дека Агенцијата за национална безбедност на САД го прислушувала поранешниот германски министер за надворешни работи (2005-2009 година), Франк-Валтер Штајнмаер и уште 20 високи чиновници во германското Министерство за надворешни работи. Телефонските броеви на Штајнмаер се пресретнати за прислушување по неговата посета на САД на 25 ноември 2005 година, каде што тој бил на состанок со американскиот колега Кондолиза Рајс.

Според информациите на Агенцијата за национална безбедност Штајнмаер “изразил задоволство дека не добил категоричен одговор од Рајс во врска со тврдењата во медиумите за авионски летови на ЦИА над Германија, кои носеа за испрашување осомничени за тероризам во тајни затвори во Источна Европа”.

Во јуни “Викиликс” објави три пресретнати разговорот на Меркел, како и податоци за телефонските броеви на канцеларот и неговите помошници.

“Имињата поврзани со следењето, покажуваат дека САД прислушувале службеници и на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер (1998 – 2002) и Хелмут Кол (1982 – 1998)”, се вели во соопштението на “Викиликс” .