Марјан Стаменковски , сопственикот на интернет порталот Доказ.мк кој вчера беше брутално претепан, ги објави фотографиите од повредите.
Од тепањето заработил скршен нос и рака и длабока расекотина на главата на која му ставиле 16 конци .
– Утрово ќе ми го оперираат скршениот нос, претепан сум а на безбедносните камери на зградата во која живеам снимени се и убаво се гледаат напаѓачите – сите се блиски со власта и имаат криминално досие – вели за Либертас претепаниот Стаменковски.



