Маче стана менаџер во романска компанија

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Мачка по име Бос (од англиски “шеф”), е шеф и во животот. Мачката е директор на компанија за онлајн подароци во Романија, пишува “Хафингтон пост”.Oreo-Kitten-e1371156395666

Колку и неверојатно да звучи,  животинчето станало менаџер за комуникации.

Миленичето заработува по 216 долари месечна плата од сајтот Catbox.ro, кој е специјализиран во персоналните подароци. Дел од платата на Бос се плаќа за храна за мачки, а остатокот оди кај неговиот сопственик.

За работата Бос ја победил конкуренцијата на други 700 мачиња.