Изградбата на втората највисока зграда во светот речиси заврши

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Шангајската кула, највисоката зграда во Кина и втора во светот, е речиси изградена.gensler_shanghai_t_2639126c

Сместена во финансиската област на Шангај – Пудонг, зградата е висока 128 ката, или 632 метри.bkgd-Home-1024x768

Таа претставува заоблена кула, чиј дизајн треба да го намали отпорот на ветрот за до 24%. Според нејзините градители од американската компанија “Gensler” необичната нејзина форма ќе помогне и за заштеда на средства при изградбата  58 милиони долари ќе бидат заштедени од трошоците за конструкцијата.

И покрајимпресивни димензии, Шангајската кула сѐ уште е на второ место во светот, што е далеку од 829,2-те метри на кулата “Бурџ Калифа” во Дубаи.Shanghai_Tower_2013-8-3

Уште не е јасно кога ќе биде официјалното отворање на зградата, но најверојатно тоа ќе биде оваа есен. Сепак некои од станарите на кулата веќе се пуштени внатре, за да можат да ги доправат внатрешните активности во своите објекти.