“Блумберг” ja призна Русија како најдобра земја за инвестиции од БРИКС

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Русија го освои првото место меѓу земјите од БРИКС од гледна точка на атрактивноста за инвеститорите, разместувајќи ја од оваа позиција Кина, соопшти американската компанија за информатичка финансиски услуги “Блумберг” (Bloomberg) врз основа на анкетирање на експерти.

torba pari
Ако на почетокот на годината инвеститорите интуитивно го избегнуле пазарот на Русија поради флуктуации во нафтениот пазар и нестабилниот курс на рубљата, тогаш за изминатите 7 месеци ситуацијата се промени, тврди “Блумберг”. Според агенцијата, руските акции како и пред тоа  се потценети, но тие можат да донесат значителни приходи, ако економските ризици се намалат.

“Обновата на цената на нафтата од шестгодишниот нејзин минимум, ја  зголеми атрактивноста на руските средства” – забележува агенцијата, додавајќи дека во исто време од Кина имало одлив на инвеститори, чии средства се проценуваат на 4 трилиони долари.