Германија, Франција и Шпанија се согласија да прифатат половина од над 54 илјади бегалци од трети земји – односно 21,91%, 16,88% и 10,72%, соопшти електронското издание на весникот Le Soir.

Министрите за внатрешни работи на 23 земји (од сите 28) од Унијата за време на состанокот во Брисел вчера дефинираа дека 32 илјади бегалци пристигнале во Грција и Италија, и преселба во Европа чекаат уште 22,5 илјади од границите со Сирија држави – вкупно 54 760 луѓе. Лидерите на ЕУ на средба во јуни го отфрлија предлогот на Еврокомисијата за шема од квоти за сместување и преселување во ЕУ на илегални мигранти и бегалци од земјите од Африка и Блискиот Исток,. Сепак сега како и што побараа од министрите за внатрешни работи до крајот на јулитреба да се утврдат соодветни шеми на доброволна основа.