Уапсени четири лица осомничени за хакерски напад на „Џеј Пи Морган Чејнс“

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Во САД и Израел беа уапсени четири лица, осомничени за хакерски напад врз американската банка „Џеј Пи Морган Чејс“ и други финансиски институции минатата година, јави Блумберг.

pass hakeri

Апсењата се извршени на територијата на Израел и американската сојузна држава Флорида. Меѓу уапсените се тројца израелски граѓани. Полицијата трага по уште еден осомничен.

Во октомври минатата година банката објави дека хакери успеале да дојдат до информации за имиња, адреси, телефонски броеви и електронска пошта на речиси 83 милиони корисници. Тој хакерски напад беше еден од најголемите во историјата на САД