Автомобил контролиран на неколку километри далечина

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Двајца програмери во САД успеале преку интернет да ја преземат контролата на електрониката на возилото и да го управуваат далечински, в да го вклучуваат или исклучуваат моторот и сопирачките. Ова го пренесе сајтот на американското списание Wired.images

Поранешниот програмер од Агенцијата за национална безбедност Чарли Милер, кој сега работи во компанијата Twitter, и Крис Валашек од компанијата IOActive специјализирана во компјутерската безбедност, демонстрирале пред новинар од весникот дека можат да стават под контрола возило Jeep Cherokee, зад чиј волан тој седел. За време на тестот во градот Сент Луис, Мисури, Милер и Валашек лоцирани на растојание од неколку километри, успеале да преземат контрола на електрониката на возилото кое се движело по автопатот. Тие ја вклучува и исклучувааа климата, радиото, бришачите. Освен тоа покажале дека по желба можат да го исклучат и моторот, системот за сопирање, да го запрат автомобилот.

Милер и Валашек објаснуваат дека ја организирале оваа демонстрација, за да им ја покажат на корисниците ранливоста на автомобилската електроника. “Стотици илјади автомобили на патиштата немаат доволна заштита”, вели Милер.