Кај венчавките по 32 години ризикот од развод расте

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Луѓето кои се женат по 32-та година е поверојатно да се разведат, покажува новото истражување.Blush-and-Mint-Rustic-DIY-Wedding-Beca-Companioni-Photography-Bridal-Musings-Wedding-Blog-32

Шокантната вест доаѓа како резултат на новото истражување спроведено од Николас Уолфингер, социолог на Универзитетот на Јута, кој анализирал податоци од национално истражување за да утврди која е совршената возраст за брак и која носи најголем ризик од развод.

Според него шансите за катастрофален брак значително се намалуваат, ако се одлучите на овој чекор во првите две децении од животот. 32-втор роденден е пресвртна точка за личниот живот, а и секоја наредна година по неа го зголемува ризикот од развод со уште 5%.

Сепак, ова е нов тренд. Во 90-тите години статистиката покажува дека паровите кои чекаат пред да се ветат на верност до  крајот на својот живот, е многу поверојатно да останат заедно засекогаш.