…Поделеноста, изместувањето на критериумите, напуштањето на професионалноста се резултат на вкупниот амбиент, велат новинарите-аналитичари, во анализата на Фактор
“Сила на аргументи и користење на моќта на информацијата, вистинитоста и точноста -тоа е новинарството, а не сила на власт или од позиција на сила. Насилството е карактеристика на силеџии, криминалците и мафијата и никако не може да биде дел од новинарството како професија. Исто е и кај политичарите и кај сите професии на кои главна алатка им е пишаниот или јавно искажаниот збор. Омразата и поделбите кои ги посеаја токму актуелните политичари, де предавници, де патриоти, „курири “и „соросоиди“, политики кои насилнички се промовираат од телевизиите и порталите , преку нивните новинарски мегафони, веројатно им носат кликови и високи рејтинзи на политичарите, но тоа ги уништи сите професионални стандарди и сите вредности на општеството и времето во кое живееме“, вели Драган Антоновски, долгогодишен новинар.
Сега сме во состојба во која “ако не си со нас – тогаш си против нас“, вели новинарот Зоран Иванов, според кого причината за ваквата состојба е јасна, но не е јасно до кога ќе биде одржлива.
“Состојбата станува банална зошто 9 та година по ред се поставува ова прашање. Се знае кој и се знае зошто состојбата е ваква.Одговор треба да се бара на прашањето “ До кога?“. Политиката, партиите и секако власта, и за нас конкретно се знае, првиот човек на владеачката гарнитура Никола Груевски – таа е доктрината на владеење која не доведе до ова дереџе секоја година да не цитираат во извештите на Европската Унија. Да бидам прецизен, човекот кој ја затвори А1, ги купи Дневник и Утрински Весник, а ги затвори Време, Глобус, Шпиц, измисли курири, републики, Северна Македонија, ја окупира МРТ, ја понижи Алфа и професионално ги деградираше Сител и Канал5“, вели Иванов и додава:
“Епилогот е – пресметка со сите што не се со него или не се со нив. Шамарите и шипките се само последица на таквата континуирана децениска доктрина на власта и нејзиниот прв човек а “нус последица“ на таквиот општествен амбиент се маргиналците и во новинарството ама и во сите други професии, кои стасаа на првите странци во печатените медиуми, во првите минути на телевизија, на порталите и социјалните мрежи.
целата анализа тука