UNESCO: Советот за етика во медиумите на Македонија има признание за функцинирањето

од desk3
126 прегледи

 

Марина Тунева, извршен директор на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) од јануари 2015 година, го објаснува значењето на извештајот на УНЕСКО за проценка на потребите на советите за етика во Југоисточна Европа. Советот за етика во медиумите на Македонија е формиран во декември 2013 година, а формално започна со работа во октомври 2014 година. Станува збор за најмладото саморегулаторно тело во регионот.

0a1f6074b3

Според Спелер, „потенцијалот на ова тело да успее го забележаа сите со кои се разговараше во рамки на оваа студија, а тие искажаа поддршка и посветеност за да овозможат тоа да функционира. Ова е многу охрабрувачки и укажува на тоа дека постои силна основа и добра волја за надградување“.

Колку релевантен и корисен е извештајот за Советот за етика во медиумите на Македонија?

Сознанијата од овој извештај ќе бидат интегрален дел од нашиот процес на стратегиско планирање. Ќе ни помогнат да ги поставиме стандардите и континуирано да го оценуваме напредокот. Резултатите од извештајот ќе влијаат врз нашите одлуки и ќе не’ поттикнат да си го поставуваме прашањето “Дали го правиме тоа што е најефективно во оваа област?“. Несомнено, овој извештај ќе претставува мотивација во работењето на Советот за етика во медиумите.

Кое, според Вас, е најкорисното сознание од овој извештај за Советот за етика во медиумите на Македонија?

Советот за етика во медиумите на Македонија започна со работа во 2014 година. Еден од поважните заклучоци во извештајот укажува на тоа дека треба да продолжат активностите насочени кон информирање на јавноста и нивно надополнување со градењето врски со клучните креатори на јавното мислење, високообразовните институции, како и со судството. И покрај тоа што е потребно време за да се постигне тоа, широката поддршка и соработка се од суштинско значење „доколку организацијата треба да успее, особено во средината во која има се’ поголеми предизвици за новинарството“, како што е наведено во извештајот.

logo-cemm-1

Колку се важни советите за етика во медиумите во ваквите, предизвикувачки, околности за медиумите?

Советите за етика во медиумите се важен и оригинален придонес во однос на каузата за слобода на медиумите. На слободата на изразувањето и прашањата што се од интерес на јавноста им се дава примарно значење во работата на Советот за етика во медиумите на Македонија. Во суштината на работата на Советот е развивањето на стандардите во однос на медиумската практика. Сметам дека постоењето на Советот за етика е можност да се обнови и одржи професионализмот во медиумите, да се подигне квалитетот на медиумското известување и да се заштити слободата на медиумите. Во исто време, обезбедуваме механизам за јавноста да реагира на медиумските содржини. Во нашиот контекст, очигледно е дека дојде времето за позитивни промени во новинарството. Сите треба да придонесеме за спречување на прекршувањето на етиката во медиумите.

Какви се перспективите за советите за етика во медиумите во Југоисточна Европа?

Постојат многу предизвици, како што се финансиската одржливост, недостигот на признание за овие тела од страна на некои клучни групи од интерес и ниското ниво на свесност кај јавноста за постоењето и улогата на советите. Сепак, предизвиците и потребите се сега јасно утврдени и оценети во овој извештај, а донаторите и оние во чија сфера на интерес е работата на медиумите може подобро да ги координираат активностите. Со тоа ќе се постигне посилна посветеност и повисоко ниво на прифаќање на саморегулацијата од страна на публиката, новинарите, уредниците, медиумската индустрија, политичарите и институциите.

 

************************************

УНЕСКО денеска го објави  Извештајот за проценка на потребите  на советите за етика во медиумите во Југоисточна Европа, вклучувајќи го и Советот за етика во медиумите на Македонија. Подготвен е во рамки на проектот „Медиумска одговорност во Југоисточна Европа“, со финансиска поддршка од Европската унија, а негов автор е Кетрин Спелер. Освен на Македонија, извештајот се фокусира и на советите за етика во медиумите во Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Целта на извештајот е анализа на работењето на овие совети и обезбедување проценка за нивните потреби врз основа на предизвиците со кои се соочуваат, а се предлагаат и областите за потенцијални идни активности.

За значењето на извештајот зборува Марина Тунева, извршен директор на Советот за етика во медиумите на Македонија, во интервјуто за УНЕСКО објавено на   http://www.unesco.org/new/en/communication-and-information/resources/news-and-in-focus-articles/in-focus-articles/2015/assessment-of-media-councils-in-south-east-europe/interview-with-marina-tuneva/. Извештајот е достапен на http://www.unesco.org/new/fileadmin/MULTIMEDIA/HQ/CI/CI/pdf/news/assessment_media_councils_south_east_europe.pdf