(ВИДЕО) Фарел го објави спотот за последниот хит „Freedom“

од Vladimir Zorba
55 прегледи

Фарел Вилијамс е во цутот на својата кариера и тешко дека ќе можеме да издвоиме друг поуспешен артист во моментов. Песните се редат една по друга на врвните места на светските топ листи, а неговата инспирација не покажува знаци на замирање.hqdefault.jpg80

Последниот Негов сингл „Freedom“ (Слобода), веќе ги преплави радио станиците низ светот и има сериозни изгледи да го достигне успехот на среќната химна „Happy“.

Погледнете го и прекрасното видео кое Фарел го промовираше вчера и во кое визуелно е прикажана длабочината на пораката која ја испраќа музичарот со овој свој хит.