Вокалот на Maroon 5, Адам Лавињ, ѝ испеа слатка серенада на неговата сопруга Бехати Принсло по повод првата годишнина од нивната свадба, која двајцата ја одбележаа минатиот викенд.
Пејачот и моделот на Victoria’s Secret се венчаа точно пред една година (на 19-ти јули), а церемонијата се одржа во Кабо Сан Лукас, Мексико.
Додека среќните сопружници го чествувале празникот во ресторанот ” Flora’s Field Kitchen “, Адам спонтано го зел микрофонот и ѝ го испеал на Беа класикот на Марвин Геј “Let’s Get It On”.
Се разбира, понежната половина на поп ѕвездата видливо се разнежни од гестот на својот сакан, кој очигледно продолжува да ја обожува.
Лавињ и родената убавица во Намибија се заедно од 2012-та година.