Научниците докажаа дека сексот не продава, дури напротив, рекламите со сексапилни мажи и жени го одвлекуваат вниманието од самиот производ.
Луѓето обрнуваат толку многу внимание на промотивните лица што нивните умови се расејуваат со тоа, а не со производот кој всушност треба да се рекламира, покажа новото истражување.
Психијатрите изјавија дека нивните заклучоци се иновативни и може да се промени односот кон рекламната индустрија и користењето на сексапилни модели и познати личности.
Студијата со 8489 учесници покажа дека гледачите се помалку склони да запомнат реклами со очигледно сексуално експлицитни содржини.
Експертите од Државниот универзитет во Охајо анализирале 53 студии спроведени во 2014 година, за да се измери влијанието на насилството и сексуалната содржина врз ефикасноста на рекламата во однос на меморија, став кон брендот и намера за купување. Тие утврдиле дека колку повеќе секс се рекламира, освен производот, толку повеќе се намалува концентрацијата и шансата за купување.