Ген ги води жените кон неверство

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Причината за женските неверства е на генетско ниво.16038726_s

Тоа го утврдиле научниците од Австралија. Истражувачите го откриле специфичниот ген AVPRIA, кој е поврзан со изневерите. При одредено ниво во организмот претставничките на поубавиот пол се способни за неверство. Според научниците генот AVPRIA кој одговара за сексуалното однесување и мотивацијата кај жените, дефинитивно ги навлекува дополнително кон “потрага по авантури”. Тој се активира во одредени околности, кога се активира процесот на “дополнително привлекување”.

Сличен ген има и кај мажите, но кај нив активноста е многу слаба.

Статистичките податоци покажуваат дека AVPRIA не делува кај сите припаднички на понежниот пол, бидејќи ги изневериле своите “партнери” само 0,1% од жените. Во квантитативна смисла тоа значи една девојка на 1000.