Британската разузнавачка служба МИ-5 прикривала случаи на високи државни функционери обвинети за педофилија, за да не се дискредитира владата на Маргарет Тачер (1979 – 1990). Информацијата беше откриена со декласифицирани документи неодамна во Секретаријатот на Владата.

Еден од документи датира од 1986 година Во него тогашниот директор на МИ-5 Ентони Даф пишува во писмо до секретарот на владата Роберт Армстронг дека пратеник од парламентот е осомничен во интимна врска со малолетници. Според зборовите на Даф “во моментов постои ризик од политичка дискредитација на владата”.
Службенаото досие беше објавено благодарение на шефот на Националното здружение за борба против грозоморниот однос кон децата , Ричард Вит. Во 2014 година тој го објави сеопфатениот извештај во кој се пријавени стотиците документирани случаи на ваков однос пред 80-тите години, кои биле “изгубени” од Министерството за внатрешни работи.
Друг скандал со педофилија ги разбранува духовите во Велика Британија во 2012 година Една од најпознатите лица на ББС – Џими Савин, беше фатен во сексуални напади на над 500 малолетници. По серијата на откритија стана јасно дека луѓе од највисокото раководство на британската телевизија, знаеле за злосторствата, но го прикривала.