Франција беше принудена да прифати ладен став кон Русија поради притисокот од страна на САД и за да покаже солидарност со другите европски земји. Ова го тврди францускиот пратеник Жак Миар, цитиран од руските медиуми.
“Поради т.н. Европска солидарност и поради притисокот од Американците, Франција се приклучи кон оваа антируска позиција во Европската унија, водена од некои земји кои имаат долгогодишна заедничка историја со вашата земја (Русија) … што значи исто така Балтичките држави и Полска “, посочил Миар во интервју за Sputnik.
Тој предупредил дека западните рестриктивни мерки спрема Русија ги нарушиле француските национални интереси.
“Со наметнувањето санкции против Русија ние дејствуваме против нашите интереси, бидејќи е во наш интерес – дипломатски, геостратешки, економски, трговски, културен, Русија да припаѓа на Европа и да биде партнер на Франција и на Европа”, коментира уште Жак Миар.
Миар е еден од десетте француски парламентарни делегати кои пристигнаа во Москва во средата, каде тие ќе отпатуваат за Крим. Според шефот на делегацијата Тиери Марио една од главните цели на посетата е да се разбере вистината за последните случувања во Крим, откако западните медиуми прифатија едностран пристап при покривањето на настаните таму откако полуостровот беше анектиран од Русија.
Европската унија, САД и голем број други сојузнички држави воведоа неколку круга од санкции насочени кон рускиот дефанзивен, енергетски и банкарски сектор, како и кон одделни службени лица, поради интервенција на Москва во конфликтот во Украина.
Русија постојано ги дефинира санкциите како контрапродуктивни.
