Њујоршкиот аеродром “Кенеди” ќе го направи првиот луксузен терминал, наменет само за животни, раскажува Си Ен Ен.
Тој ќе е во сопственост на компанијата “Racebrook Capital” и ќе располага со голем број на луксузни реквизити за своите четириножни посетители како базен, простории за одмор и 24-часовна медицинска нега. Изградбата на луксузната зграда ќе чини 84 милиони долари.
Не само домашните миленици, кои патуваат со прва класа, ќе можат да уживаат во новиот терминал. Во него ќе можат да се одмараат и фармерски животни, птици и коњи.
Изградбата на местото за одмор и престој на животни се очекува да биде готова во 2016 година, а тоа се наоѓа на местото на поранешната товарна зграда 78, која стои празна речиси една деценија.
Меѓу додатоците на терминалот се штали со вода и храна, како и места за одмор за коњи со рачно подесување на температурата, место за спиење и природна светлина, ветеринарна болница, рекреативен центар за кучиња и мачки, во кој ќе има базен во форма на коска и место за игри, како и фризерски салон за миленици, кој ќе нуди дури и масажа.