Дејвид Бекам изненади седумчлено семејство на кое му подари нови мобилни телефони, 10 годишна исплата на домашните сметки и чек од 100 000 долари.
Изненадувањето е дел од концептот на новото реално шоу ” Knock, Knock “со водителот Рајан Сикрет.
Во секоја епизода, тим на продуцентот посетува различни семејства и ги изненадува – едни со игра со парични награди, други со неочекувани предлози за брак, а трети со појавата на нивната омилена ѕвезда.
40-годишниот сопруг на Викторија Бекам се појави пред вратата на Калифорниското семејство Гонзалес и го промени нивниот живот.
Таткото, Виктор, некогаш бил професионален фудбалер во Мексико, но морал да се откаже, за да започне со работа во градежништвото – единствениот начин да го издржува своето семејство, поради која ги гледа еднаш месечно.
Водителот на емисијата, Рајан Сикрет откри дека Бекам, кој доаѓа од сиромашно семејство, го препознал своето минато токму во семејството Гонзалес и тоа ја зајакнало неговата желба да помогне.
Емотивната средба и неверојатното изненадување пред вратата кога застана Дејвид Бекам можете да го видите во видеото.