Согласноста на Турција да им дозволи на САД да ја користат турската територија за воздушни напади против “Исламска држава” е една од централните надворешнополитички теми за денеска во печаото на англиското говорно подрачје .
Според “Вашингтон пост” тоа е сигнал за голема промена во политиката на премногу воздржаниот досега американски сојузник во НАТО.
Одлуката на Анкара да овозможи американски борбени авиони да гјакористат воздухопловната база “Инџирлик” во јужна Турција е елемент од широк план за соработка, замислен уште пред 9 месеци. Во моментов се разгледуваат и се во процес на финализирање и други елементи на овој план, на пример проширување на зоната на американските воздушни напади кон западната зона на 900-километарската турско-сириската граница и користење на турски копнени воени набљудувачки мислења за координација.
Според “Вашингтон пост”, кој цитира висок анонимен извор од американската влада, одлуката за “Инџирлик” беше договорена во телефонски разговор меѓу претседателите на двете земји – Барак Обама и Реџеп Ердоган.
Користење на базата во Инџирлик, на 100 километри од северозападниот сектор на сириската граница, ќе им овозможи на американските пилоти и на вооружени беспилотни летала да делуваат многу побрзо и поефикасно против цели на “Исламска држава” во тврдините во северна Сирија, тврдат американски официјални претставници. Сега авионите полетуваат од Ирак, далеку на исток од Сирија, од Јордан и од арапските земји во Заливот, кои се дел од коалицијата против ИД.
“Вашингтон пост” го цитираше турскиот весник “Хуриет”, според кој американските напади од “Инџирлик” ќе започнат во август.
Досега Турција одбиваше позначајно учество во војната против ИД поради стравувањата од политиката кон Сирија на владата на Обама, пишува “Вашингтон пост”.
Дали Анкара успеа да издејствува некакви отстапки од САД во врска со овие стравувања засега не е јасно. Таа постојано изјавува дека сака Вашингтон да се фокусира не само на борбата против ИД, но и врз отстранувањето на сирискиот претседател Башар Асад, во кого гледа свој главен непријател во Сирија.
Турција инсистира и за создавање на тампон зона за безбедност во регионот, гарантирана со воздушна заштита, што ќе овозможи да бидат вратени назад во Сирија барем дел од двата милиони бегалци, кои се префрлиле на турска територија.
Не е јасно дали се дискутира во моментов за американско-турски договор кој ќе вклучува создавање на таква зона за безбедност, но со засилена контрола над целата граница која ќе помогне во напорите да не се дозволува на џихадисти да се префрлаат преку неа.
За еволуцијата на турската политика придонесоа и значителните успеси на сириските Курди во борбата против ИД во Северна Сирија источно од Кобане, т.е во оддалечениот источен сектор по границата, забележува весникот.
Во последните недели т.н. Единици за заштита на сириските Курди воспоставија контрола над територии восподтавувајќи курдска контрола над земјиштето, кои според турските стравувања ги маркираат почетните црти на новата курдска држава. Тоа се случи со помош на американските воздушни напади, што ја исправува Турција со ризик да изгуби контрола над процесите по целата граница.
Воспоставувајќи потесен контакт со предводената од САД коалиција, Турција можеби се стреми да спречи нови курдски освојувања во источниот сектор на границата и да обезбеди силна поддршка за сириските бунтовници во западниот сектор отколку што би било можно ако Анкара се држи настрана од водечката битка, нагласува “Вашингтон пост”.
Британскиот “Гардијан”, исто така ги коментира причините кои ја натерале Турција да промени линијата и особено да дозволи употреба од САД на клучната база на ВВС во Инџирлик за воздушни напади против ИД – нешто што таа категорично го одбиваше неодамна. Весникот ги нагласува напорите на турската влада за создавање на тампон зона во Сирија крај турската граница.
Но досега Анкара не успеваше да ги убеди западните сојузници дека таква зона треба да има и таа да се брани по воздухот.
Постигнатиот договор меѓу САД и Турција предизвикува шпекулации дека ова прашање повторно може да е ставено на маса, пишува “Гардијан”.
Критичарите на овој план велат дека таква тампон зона би ги покривала најмногу сириските Курдски територии, и на тој начин ја зајакнува курдска автономија во Сирија – процес кој длабоко загрижувачки за Анкара.
Кога курдските сили го зазедоа стратешкиот сириски град Тал Абјад од џихадисти, турски весници со тревога пишуваа дека курдската милиција стануваат “поопасна од ИД” забележува британскиот весник.
Во последниве месеци Турција е многу загрижена од курдската експанзија во Северна Сирија и од тоа дека курдската милиција, во сојуз со други сириски бунтовнички групи, зазедоа многу територии покрај турската граница, и ја истиснаа ИД од голем број на градови, наведува “Гардијан”.
