Џулија Робертс сака да се раздели со својот стан во Њујорк. Оној кој одлучи да купи стан, ќе треба да плати 4,5 милиони долари за три спални и три бањи.
Се разбира, станот располага и со други реквизити како дрвен камин и голема тераса.
Според огласот за продажба внатрешноста на имотот е во калифорниски плажа-стил.
Весникот New York Post тврди дека 47-годишната актерка одлучила да го објави својот стан во Њујорк за продажба, бидејќи веќе поминала поголем дел од своето време во Калифорнија.
Сепак Џулија инсистира дека сѐ уште го сака Големото јаболко и нема намера да ја продава куќа таму, која во моментов е изнајмена.
Холивудската ѕвезда има три деца – близнаци на 10 и син на 7 години заедно со нејзиниот сопруг Даниел Модер.
За да го видите објавениотстан за продажба на Џулија Робертс во Њујорк, ѕирнете во нашата галерија .
