Никој не сака неговото срце да биде скршено, особено од некого, кон кого доживува силни чувства.
Затоа не е чудно да бидете малку резервирани, кога се сретнувате со маж кој изгледа совршен. Од проста причина што нема совршен човек, ниту од машкиот, ниту од женскиот пол.
За да бидете целосно сигурни што точно се случува, проверете кои се знаците дека мажот со кого излегувате, е премногу добар за да биде вистински:
1. Не го знаете името на неговата мајка
Всушност колку точно знаете за неговото минато и за неговото семејство? Ако тој никогаш не споменува дали има браќа или сестри, во кое училиште учел или каде работел до овој момент, ова дефинитивно не е добро. Секој човек кој навистина ве сака вас и има сериозни намери, ќе биде отворен за секој аспект од животот. Значи престанете да се фасцинирате од неговата мистериозност и сфатете дека тоа не е всушност нешто убаво.
2. Ги вика сите негови поранешни “луди”
Можно е меѓу неговите претходни девојки навистина да имало една-две, кои се однесувале лудо. Друго е прашањето, ако партнерот ги вика сите свои поранешни “луди” и се обидува да ги направи нив виновни за неуспехот на неговите врски. Има голема шанса сличен трансфер на вината да се случи и со вас, кога ќе се разделите.
3. Тој е сам во петочните вечери
Навистина? И вие верувате на ова? Колку и да е интровертен овој маж, тешко дека сака да ги поминува сите петочни вечери сам.Индикативен е и фактот дека тој не сака да биде во ваше друштво, дурии едноставно да останете дома. Тука дефинитивно има нешто што вие не го знаете и што намерно се прикрива (најверојатно друга жена / жени).
4. Тој не зборува за иднината
Дури не сте сигурни ни што ќе прави следниот викенд. Што останува со тоа да ги сподели своите идни планови. Обично не сака да зборува за иднината, бидејќи вие едноставно не спаѓате во сликата (а во оваа фаза не треба тоа да го разберете). Никој маж кој има сериозни намери кон вас, нема да ве игнорира на овој начин.
5. Ништо не е по негова вина
Без разлика дали станува збор за вашите односи, неговите претходни врски, неуспесите на работното место – за никој неуспех не е виновен тој. Дали навистина го мислите за совршен маж, оној кој не може да презема одговорност за своите постапки? Ако тој секогаш ги обвинува другите за својата несреќа, значи едноставно мора да порасне.