Често го користиме изразот “слободен како птица” , бидејќи за птиците нема ограничувања – тие можат да прелетуваат илјадници километри, да се издигнат највисоко во небото, да лебдат и да ја набљудуваат земјата под себе како под микроскоп.
Само што ова важи за птиците кои не се затвореници. Многу од нив ја немаат среќата да летаат слободно во небото , бидејќи се затворени во зоолошки градини во различни делови на светот.
Во последниве години постојано се поставува прашањето не само за условите во кои живеат животните-затвореници, туку и етичката страна на идејата за постоење на зоолошки градини воопшто. Забавата за луѓето може да биде вистински пекол за животните таму.
На ова мислење е и американскиот фотограф Девин Мичел , кој решава да направи цела серија на фотографии, насловена “Лица на природата” . За проектот, тој користи дигитални техники со кои трансформира луѓе во различни диви животни .
За да се предаде подобро чувството за лишување од слобода и ограничувањата , на кои се изложени жителите на зоолошките градини, “моделите” покриваат половина од лицата.
“Јас се прашував: овие животни веројатно се чувствуваат како не само да не можат да зборуваат, но и дека можат да видат само половина од светот околу нив” , изјави Девин.Тој открива уште дека неговата идеја за проектот дошла по посетата на зоолошката градина, каде видел слон, кој се лула напред-назад и чие однесување многу личи на однесувањето на човекот, затворен во психијатриски болници.
“Јас верувам во Зоологијата, истражување, однесување и рехабилитација на животни. Јас само не разбирам зошто тие не можат да бидат држени во слободна средина во резервати, каде нема огради, долги десетици километри. Луѓето треба да се оние кои поминуваат низ резерватите во дополнително обезбедени возила, а не како сега “ , завршува фотографот.
За да допрете повеќе од неговата идеја и проект, проверете ја нашата галерија.