Колку вселенско ѓубре има во орбитата на Земјата

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Околу Земјата кружат 16 925 објекти со вештачко потекло. Тоа го соопштија специјалисти од вселенскиот центар “Џонсон” на НАСА во Хјустон, пренесоа агенциите.newbluehorizon

Податоците покажуваат дека 3917 единици се функционални или излегле од системот сателити, а 13 008 – други објекти со вештачки потекло, вклучувајќи  ракети, акцелераторски блокови, големи остатоци од вселенска техника .

Најмногу објекти на орбитата околу себе имаат Русија и САД – односно 6282 и 5182. Други 3706 единици се во сопственост на Кина.

На Франција ѝ припаѓаат 776 објекта, на Јапонија – 209, на Индија – 165, на Европската вселенска агенција – 97. На другите земји им припаѓаат 776 вселенски објекти.

Истовремено, според податоците на рускиот автоматски систем за предупредување за опасни ситуации во вселената, во орбитата има 17 133 вселенски објекта со техногенено потекло. 1336 од нив се функционални апарати, а останатите 15 797 – вселенско ѓубре.