Дизајнерот Карл Лагерфелд, кој со години е на чело на модните куќи “Шанел” и “Фенди”, знае како да создаде облека со етикета “луксуз”.
Сега творецот го покажа на светот најскапото крзнено палто. Своето деби го имаше на модни ревии со есенската колекција на брендот “Фенди” за 2015 година. За создавањето на луксузното палто е користена кожата од 36 бизона. Таа е подложена на посебен третман, така што изгледа како “покриена од месечината”.
Делото на Карл Лагерфелд е критикувано од организацијата за заштита на животните PETA кои ја дефинираа облеката како “висок ужас”, парафразирајќи го поимот “високата мода”.