Долина на бубрезите: Местото во кое речиси секој жител нема еден бубрег

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Селото Хоксе во Непал е омилена дестинација на специјалните агенти кои се во потрага по човечки органи. Нивната улога е да ги убедат луѓето дека можат нормално да живеат со еден бубрег, додека на оние лесноверните им велат дека ќе им израсне нов. Бедата и необразованоста во комбинација со овие агенти довеле до тоа речиси секој жител од ова село да продаде бубрег, пишува Оddity central

11dolinabubrezi88i

„Веќе десет години луѓето доаѓаат во нашето село и не убедуваат да ги продадеме органите. Јас до неодамна одолевав. Меѓутоа, моето семејството доби нови членови, па ни беше потребна поголема куќа“, раскажала Гита, на која животна желба и била да најде свој мир во куќата со бавча.

– Ми беше потребна поголема куќа. Тоа е единствената причина поради која се согласив да продадам бубрег. Отидовме заедно со роднината во Индија. Самата операција кратко траеше, а по операцијата во болницата закрепнував околу три недели – рекла Гита.

„Кога се разбудив по операцијата ми изгледаше како ништо да не се случило. Добив пари и купив куќа“, раскажала Гита.

За жал, во април нејзината куќа, како и многу други куќи во Хоксе, страдала во земјотресот. Новонастанатата ситуација направила продажбата на бубрези да оди „никогаш подобро“, иако тоа е илегален чин.

2A66796900000578-3155817-Showing_off_their_scars_the_men_of_Kidney_Village_in_Hokse_Nepal-a-22_1436515570816

Ситуацијата во Непал е, всушност, уште подраматична. Кога агентите немаат доброволни клиенти, тие прибегнуваат кон сурови методи. Една од нив сосема здравите луѓе да ги убедат дека се болни и дека им е потребна операција, а имало случаи кога на некои луѓе им ги ваделе двата бубрези, после што умирале. Понекогаш, луѓето ги киднапираат за да им извадат и другите органи кои завршуваат на црниот пазар.

Познат е минатогодишниот случај на Кенам Тамангау, за кој пишуваше и „Тајмс“, кој го врбувал зет му, ветувајќи му добра работа во Ченаи во Индија. Не знаејќи за каква работа станува збор Кенама завршил во болница. Ги добил парите за својот бубрег како и ветувањето дека ќе му израсне нов.

И Ганеш Бахадур Дамаи отишол во Индија поради добра работа. Таму без негова согласност останал без бубрег, а како надомест добил околу 150 долари