Револуцијата во стримувањето стекна сериозни димензии во Велика Британија – за прв пат во историјата повеќе од 500 милиони песни беа преслушани онлајн за една недела.
Ова е прв пат, во кој за седум дена беа емитувани половина милијарда песни онлајн и тоа е речиси двојно повеќе од бројот на песните пред една година.
Вкупно 505 милиони песни се преслушани преку услугите на Spotify, Deezer и Google. Од почетокот на годината, апликациите за стриминг на музика емитувале 11,5 милијарди песни до денес, со 25 милијарди стримувања прогнозирани до крајот на годината.
Според “Гардијан” со најголемиот канал за видео-споделување Youtube, тоа може да достигне 50 милијарди.
Заслуга во музичкиот бум имаат Ед Шииран, Дрејк и Ријана, Сем Смит и Хозиер кои се во првите пет на најслушаните музичари во интернет.