Башар Асад вети дека ќе победи во крвавата граѓанска војна- ” Пораз не постои во речникот на Сириската арапска армија “

од desk3
96 прегледи

Сирискиот претседател Башар Асад вети дека ќе ја освои долготрајната крвава граѓанска војна и во исто време призна дека армијата ја отстапила контролата над одредени територии. Асад го направи своето прво јавно обраќање од пред една година, соопштува “Асошиетед прес”.

асад

“Ние не се предаваме. Ние сме постојани и ќе постигнеме победа “, изјави Асад.” Пораз не постои во речникот на Сириската арапска армија “, категоричен е тој.

Во својот говор Асад се обиде да се оправда зошто сириската армија има предадено некои области на земјата, вклучувајќи го северозападниот град Идлиб. Сојузничките сили на Асад, вклучувајќи и борци од Либанската група “Хезболах” и ирански советници контролираат малку помалку од половина од Сирија, која е со површина 185 000 квадратни километри.

“Беше потребно да ги дефинираме критичните зони за нашите вооружени сили и да се држиме до нив. Загриженоста за нашите војници не принуди да напуштиме некои од нив “, објасни сирискиот претседател.

“Секоја педа од Сирија е важна”, категоричен е тој.

Говорот на Асад доаѓа ден откако неговата влада објави општа амнестија за дезертери од армијата.

Башар Асад изјави дека неговата влада не сакала војна, но кога таа им била наметната, сириската армија ги оттргнала терористите од секаде. Асад се однесува со секоја бунтовничка група, која се бори против неговото владеење како со терористи.

Зборувајќи за политичкиот дијалог, Асад изјави дека секоја иницијатива која не се базира на борба против тероризмот, ќе биде шуплива и бесмислена.