Се продава последното “Порше” на Стив Меквин

од Vladimir Zorba
77 прегледи

 

Последниот автомобил, сопственост на холивудскиот актер Стив Меквин, ќе биде продаден на аукција.Steve-McQueens-1976-Porsche-930-Turbo-Carrera-3

Автомобилот марка “Порше” 930 Turbo Carrera е од 1976 година и бил дел од личната колекција на актерот, кој починал во 1980 година. Уште нема прогласена цена, на која се пресметува автомобилот, но според некои тој би можел да собере околу 1,5 милиони долари.

“Тоа е автомобил со богата историја”, вели синот на Меквин – Чад. “Ова е последниот од автомобилите на Меквин. Ова е познато”, додава тој.

Меѓу додатоците со кои располага ова возило се: два странични ретровизори што во 70-тите биле реткост, како и диференцијал со ограничено лизгање.

Дел од износот што автомобилот ќе го собере ќе биде дониран на поправното училиште “Boys Republic”, во кое Холивудскиот актер поминува дел од својот живот.