Љубовен хороскоп од 27 јули до 2 август

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Од петок Венера се врти во ретроградна позиција. Како ќе се одрази тоа на вашиот љубовен живот, видете во следните редови.23de1b650afbc6aa9938f9fc7d374688

Овен
Некои од овните нема да бидат во можност да го скријат тоа дека се привлечени од близок пријател или личност, која скоро ја сретнале. Истовремено оваа личност може да не знае како да реагира на вашите сигнали. Ако не добиете веднаш одговор на чувствата, бидете трпеливи. По петок сите овни кои имаат љубов во својот живот ќе направат преоценување на тоа што сакаат во иднина од љубовта.

Бик
Сега е време за вас и вашиот партнер да ги решите сите проблеми и да се радувате на романтиката. Од друга страна некои од неврзаните претставници на зодијачкиот знак е веројатно дека ќе ја пропуштат можноста да привлечат во животот некој посебен. Од крајот на август до 6 септември ќе имате можност да направите промени во приватноста.

Близнаци
Во оваа недела во преден план ќе бидат прашањата поврзани со финансиите и љубов. Ќе се чувствувате притиснати, но не брзајте со донесувањето одлуки. Можно е да сакате да направите промени во вашиот живот и да започнете нова љубовна врска. Ако се чувствувате збунети, знајте дека одговорите ќе дојдат по 6-ти септември.

Рак
Растечкото чувство на незадоволство во животот може да е директно поврзано со вашата партнерка. Можно е таа или тој да не пројавува доволно внимание кон вас и дури да има ситуации во кои целосно че се почувствува неговиот или нејзиниот недостаток. Претстојните недели ќе ве натераат да размислите за вашата врска.1d5757d3fc0e936e465ab98d63465653

Лав
Полната месечина овој петок во секторот на односите ќе стави емоционален акцент на вашиот љубовен живот. Треба да знаете, дека Венера ќе стане ретроградна и така ќе остане до почетокот на септември. Ова ќе биде клучен момент за вас и вашиот партнер да ја потхраните вашата врска. Љубовта може да стане подлабока од кога било, ако сте подготвени да се занесете еден по друг.

Девица
Ретроградното движење на Венера ќе биде почувствувано и од родените во знакот на хороскопскиот знак Девица. Сѐ во љубовта ќе ја бара вашата внимателна проценка. Не обрнувајте внимание на ситници, инаку ќе се лишите од среќа во љубовта.

Вага
Ако неодамна сте почнале сексуални односи со некого, тогаш оваа недела може да донесе одлука за тоа како да продолжите. Ве очекуваат два излези. Или чувствата ќе бидат споделени, или ќе треба сами да продолжите напред.

Шкорпија
Раздвоени сте меѓу работата и саканата. Ќе бидете силно занесени од желбата да успеете во кариерата, додека саканиот човек има потреба од вашето внимание. Ревидирајте ги вашите цели и не се лишувајте од романтика.013acd6d9dffb277234a9620d0953653

Стрелец
Желба за промени ќе има и во животот на родените во знакот на Стрелец. Можно е да се чувствувате како да имате потреба од повеќе личен простор. Ќе сакате да опстојувате на вашите желби, додека таа или тој се обидат да ве одвратат. Обидете се да разговарате со партнерот и да ги споделите вашите потреби.

Јарец
Финансиите ќе бидат приоритет во оваа недела. Ако вие и вашиот партнер ги споделувате вашите ресурси, можеби е време да размислите што точно е “твое, мое и наше.” Венера ќе биде ретроградна во вашиот осми дом на заедничките финансии и така ќе се задржи до првата недела на септември.

Водолија
Полната Луна во петок ќе ви помогне да бидете во склад со својата сакана  Користете го ова за да да се поврзете длабоко со партнерот. Тој може да биде одговорен за вашата сентименталност.

Риби
Во овие денови ќе имате можност да решите некои недоразбирања со саканиот човек. Некои од неврзаните претставници на зодијачкиот знак е можно да почувствуваат силна привлечност кон колега. Дали да ја мешате работата со задоволството? Само срцето ќе ви даде одговор.