(ВИДЕО) Нудисти протестираа против кралот на Саудиска Арабија на Француската ривиера

од desk3
94 прегледи

Демонстранти, вклучувајќи и голи пливачи, протестираа денеска против приватизирање од кралот на Саудиска Арабија на јавна плажа на француската ривиера. Над 100 000 луѓе веќе имаат потпишано петиција против кралот Салман и неговата придружба, кои го задржуваат целосно за себе најубавиот дел од плажа за време на летниот одмор.

Prince-Salman_2251916b

Претходно денеска кралот на Саудиска Арабија и придружбата, кој брои неколку стотици лица, пристигнаа во семејната кралска палата на француската ривиера. Поради посетата на кралот Салман беше затворена мала јавна плажа пред зградата во Валори и тоа ги разви критиките на локалното население.

 

Сега градежни работници почнаа да инсталираат привремен лифт со кој кралот ќе може да слегува до плажа. Пред инсталирање на лифтот градежните работници излеаја цементна плоча врз песок, врз која ќе биде инсталиран објект.

Началникот на Службата за безбедност на францускиот регион Алп-Маритим потврди дека плажата на Валори ќе биде затворена за време на посетата на кралот Салман. Франсоа Ксавиер не можеше да потврди дека кралскиот придружба брои 1.000 лица, но рече дека 400-500 соби во луксузни хотели во Кан се резервирани за луѓето на монархот.

Локален жител, кој живее на метри од плажа, вели: “Фактот дека на нив им е дозволено да затворат плажа, е скандалозен”. “Тоа е јавна сопственост – место на кое секој треба да има право да се радува, не е само за богатите Саудијци”, вели тој.